Сали: Современ хируршки пристап во лекување на пациентите со церебрална парализа на возраст од 1 до 18 години

На денешната средба на министерот за здравство Беким Сали со заменик министерот Владимир Рендевски и професорите од Медицински факултет во Скопје, проф. д-р Лазе Тодоровиќ од Клиниката за детска хирургија и проф. д-р Зоран Божиновски од Клиниката за ортопедија, фокусот бил Предлог проект за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална парализа на возраст од 1 до 18 години.

„Овој проект вклучува тимски пристап на доктори специјалисти од Клиниката за ортопедија, Клиниката за детска хирургија и Клиниката за неврохирургија што ќе опфати комплексни хируршки процедури со цел корекција на одот, намалување на спастицитетот и подобрување на квалитетот на животот кај овие пациенти,“ напиша Сали на својот фејсбук-профил.

Како што посочува Сали, опремување на простор, како и дополнителна едукација на специјалистите од оваа област се дел од овој проект за обезбедување најсовремена здравствена заштита на пациентите со церебрална парализа кај нас.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе