Министерот за здравство со став

Сали: Сѐ е под контрола, нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки

Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки до следниот состанок на Комисијата за заразни болести бидејќи во последните два дена има намалување на бројот на новозаболени, оценува министерот за здравство Беким Сали.

Сали за медиумите изјави дека според податоците на Институтот за јавно здравје што ги добиваат на дневна основа, пандемијата во земјава дава знаци на стивнување и секој ден има намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани.

„Сѐ е под контрола. Нема потреба од дополнителни мерки. Во Косово се преземени порестриктивни мерки бидејќи епиделошката состојба почнала да се влошува и тоа е локална политика. Ние такви рестриктивни мерки немаме и засега нема потреба. Меѓутоа секоја одлука е неделна. До следниот состанок на Комисијата за заразни болести нема да има потреба од нова мерка, но се надевам дека и граѓаните ќе бидат претпазливи и вакцинацијата ќе расте“, рече Сали.

Според него, во моментот нема потреба и од отворање на модуларните болници, откако денеска беше отворен ковид-центарот на Клиниката за неврологија, а од вчера функционира и ковид-центарот на Клиниката за кожни болести.

„На ниво на држава се трудиме пациентите да бидат згрижени на ниво на болниците. Од минатата недела се преземени мерки да се зголеми бројот на кревети што значи отворање на капацитетите кои претходно беа ковид-центри. Од модуларните болници засега нема потреба“, рече Сали.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во моментот во земјава во 90 проценти е присутен сојот „омикрон“, а во 10 проценти „делта“ сојот.

Боледувањето на оние пациенти кои ќе имаат симптоми и по седмиот ден ќе го регулираат матичните лекари, односно доколку имаат симптоматологија на вирусот ќе им се продолжи боледувањето по автоматизам за уште три дена.

„Нашата служба Мој термин ги извести сите матични лекари како да се евидентираат овие случаи. Епидемиолошки тие се водат од матичните лекари и на седмиот ден доколку имаат покачена температура или некоја друга симптоматологија, по автоматизам им се продолжува периодот на самоизолација до три дена. Матичниот лекар го регулира боледувањето“, вели Сали.

Во однос на тоа дали се размислува за намалување на трошоците за тестирање, министерот кажа дека е разговарано со сите чинители кои влијаат врз цената и оти очекува позитивен одговор од нив.

Прашан за транспаретноста на Комисијата за заразни болести која неколку месеци нема одржано прес-конференција, Сали одговори дека Комисијата секогаш била транспарентна и нејзините одлуки ѝ се познати на јавноста.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе