Поранешниот шеф на кабинетот на министерот Сали, Меритон Цивули на прес конференција во име на чаирскиот огранок побара претседателот на Алтернатива Африм Гаши да иницира разрешување на министерот за здравство Сали поради неизвршување на партиската програма, односно вработување Албанци во здравството.
Огранокот на Гаши му даде рок од 10 дена да го разреши Сали, бидејќи претседателот иако знаел за незадоволството од министерот, досега ништо не презел. Од огранокот не открија како ќе постапат, доколку Гаши не побара разрешување на Сали.