Министерот за здравство најави дека во тек е планирање на третман на посковид пациенти.
„Големо значење посветуваме на постковид периодот, се разгледуваат опциите дали ќе биде тоа во еден објект во кој ќе се третираат сите постковид компликации кај пациенти или пак ќе има организација во повеќе клиники. Раната дијагностика на компликациите е половина третман за терапија“, рече Сали.
Mинистерот за здравство одговорите на новинарски прашања ги даде на прес-конференција по промовирањето нов линеарен ацелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.