Саем за образование со универзитети од САД, попладнево во Скопје

Амбасадата на САД во земјава, во соработка со „EducationUSA", ќе биде домаќин на турнејата на „EducationUSA" во Југоисточна Европа.

На настанот кој што ќе се оддржи денеска попладне во Скопје, ќе присуствува вршителот на должност амбасадор на САД, Сузан Фалатко, а 15 преставници од универзитети од САД ќе бидат на располагање да одговорат на прашања во врска со високото образование во Соединетите Држави и нивните институции.

Како што соопштија од Американската амбасада, советниците на „EducationUSA“ ќе бидат тука да објаснат како се аплицира на универзитет во САД, и ќе ги информираат студентите за услугите што „EducationUSA“ ги обезбедува во центрите во Северна Македонија. Освен тоа, координаторот за програми на размена во Амбасадата на САД ќе одговара на прашања во врска со можностите за школарини и програми за размена на студенти, спонзорирани од Владата на САД.

Влезот на настанот е бесплатен, а се покануваат студентите и нивните родители да учествуваат.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе