Рускоска: Од преземените предмети од СЈО, 17 се во истрага, 47 во предистрага

Од предметите што се преземени од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), околу 17 се во истрага, а околу 47 во предистрага, рече обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска  вечерва во гостување на ТВ Канал 5.

СЈО, оцени, не го урна никој друг освен Катица Јанева. – СЈО се уште ќе егзистираше ако Јанева се однесуваше онака како што треба. Ништо не е наштетено на случајот Империја. Предметот е даден на вештачање. Вештите лица сега ја ги вештачат доказите. Нема изгледи тој случај да застари. Перењето пари не застарува. Катица одговара затоа што земала пари за пуштање од притвор и после земала и други пари. Не можете да кажете за кого било, ни за Камчев, додека нема правосилна пресуда, дека е криминалец, наведе Рускоска.

Прашана за случајот „Рекет" и каде завршиле парите, таа рече дека кога вршеле вештачење на телефонот на Бојан Јовановски според локацијата на фотографијата се утврдило дека парите се во домот на неговите родители.

„Апсолутно има докази дека откако се земени парите, тие завршиле во домот на родителите, а каде е торбата, јавноста треба да знае дека парите се дадени во февруари 2019, а Камчев дојде да пријави на 2 мај, ние не бевме вклучени од почетокот“, рече Рускоска.

Според неа случајот не е ниту мито ниту рекет, туку, како што рече, квалификацијата си е точна – противправно посредување.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе