За развој на наставници

Родови улоги, религија, сексуална определба... Прв прирачник за предавање на контроверзни теми во училница

Здружението ЛЕАД го објави првиот прирачник за предавање на контроверзни теми во училница, наменет за наставници и целосно преведен на македонски јазик. Предавање и дискусија на контроверзните теми се уште претставува предизвик за наставниците од училиштата во нашата земја, па затоа дури 86% од учениците никогаш немале можност да разговараат за тековни општествени прашања во рамки на образованието.

Прирачникот е наменет за професионален развој на наставници и е дизајниран за поддршка и унапредување на предавањето на контроверзни прашања во училиштата, а содржи конкретни алатки и техники за предавање и опфаќање на различни теми, како што се религија, родови улоги, еднородителски семејства, сексуална определба, екстремизам и слични теми, во училница.

Како што соопштија од Здружението, ваквиот пристап на предавање придонесува за подобрување на знаењата на учениците и за вклучување во дијалог на ученици со различни ставови и вредности, што е од клучно значење за демократскиот процес и неопходно за заштита и зајакнување на демократијата и за негување на човековите права.

„Контроверзните теми, кои ги дефинираме како теми за кои постојат спротивставени мислења во општеството и будат силни чувства кај луѓето, е значајно да се дискутираат во рамки на образовниот процес за да се поттикне дијалог за истите и да се развие свест за важноста од дискутирање кај младите, уште од најмала возраст. Избегнувањето на дискусиите на овие теми и недостигот на конструктивен дијалог за истите само води кон поделба на општеството и зголемување на меѓусебната нетрпеливост“, вели Илија Станковски, програмски директор на Здружение LEAD.

Прирачникот „Предавање на контроверзни прашања преку едукација за демократско граѓанско и човекови права“ е оригинално издаден од Советот на Европа и преведен на преку 15 јазици во Европа. Македонската верзија на прирачникот е бесплатно достапна и може да се преземе од веб страната на LEAD на следниот ЛИНК.

Албанската верзија може да се преземе на следниот ЛИНК.

Прирачникот е изработен во рамки  на проектот „Наставници за едукација, демократија и човекови права“ имплементиран од Здружението LEAD,  заеднички финансиран од Европската Унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Демократска и инклузивна училишна култура во функција“.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе