„Долготрајното носење маски го загрозува здравјето на младите. Оваа група има за цел да најде итно решение за унапредување на здравјето на идните поколенија“, пишува на фејсбук-профилот на оваа група.
Ова барање веќе било испратено до сите надлежни институции, Влада, до Комисијата за заразни болести, до Министерство за здравство, но од таму сè уште нема никаков одговор.
„И јас сум родител и душа ме боли што го гледам детето како седи со маска на училиште, се гуши во сопствените токсини при издишување.
Најстрашното е што се приморани да носат и маски на часовите по физичко воспитување, каде наместо да се промовира здравје и здрав живот тие тренираат дисциплина и строгост на невини деца!
Место задолжително, носењето маска во училиште да биде препорака, за родителите да имаат избор, дали детето ќе носи маска или не“, бараат родителите кои се потпишуваат на онлајн петицијата „Стоп за задолжителното носење на маски во училиштата“.
„Здравјето на нашите деца е сериозно загрозено и нема да може да си опростам доколку имаат последици поради нашата инертност! Не може безгрижно да се прославуваат нови години, журки и забави додека децата се гушат со маски за време на училишните часови“, коменираат родители на фејсбук-групата.