Повикувајќи се на Извештајот од Патологија

Родилката тврди дека и биле извадени здрави органи и дека лекарите чекале пет дена да видат дали ќе умре

Родилката Јилдз Веапоска која по породувањето од страна на директорот на струшката болница остана без три органи, матка, бубрег и јајник, за Телма тврди дека и биле извадени здрави органи повикувајќи се на Извештајот од Институтот за патологија. Веапоска тврди оти без да бидат прашани таа и нејзиниот сопруг, д-р Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на Патологија.

„Органите се вадени на 31 август, и зошто се пуштени на 4 септември. Што чекале тие толку денови. Се сомневам дека чекале 5 дена да поминат оние критични часови за тоа дали ќе умреш или ќе живееш. Органите се здрави и прави. Нека излезат и нека кажат зошто се извадени тие органи здрави, ако нема лекарска грешка“, вели Веапоска во изјава за Телма. 

Директорот на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, д-р Александар Станков вчера во изјава за МКД.мк појасни дека за било која операција при која се извадени органи од човечко тело, тие мора да бидат испратени на патолошко - анатомско иследување за дополнителни испитувања, а за тоа дека дали постои кривично дело Обвинителството, може да утврди по претходно извршено судско-медицинско вештачење врз пациентката.

„Извештајот од Лексарската комора е Извештај од стручен надзор за работата на лекарот, а не за утврдување на кривична одговорност. Дали постои кривично дело ќе утврди Обвинителството по претходно извршено судско-медицинско вештачење од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје. Врз основа на тоа вештачење Обвинителството треба да утврди што точно се случило со пациентката", ни изјави вчера д-р Станков.

За овој случај постапува и Основното јавно обвинителство Струга и одговор побаравме и од таму. За МКД.мк од Обвинителството велат дека во моментов не се во можност да споделат кои конкретни дејствија се преземаат, како и дали е побарано судско-медицинско вештачење на пациентката.

„Основното јавно обвинителство Струга презема повеќе дејствија во предметот за кој покажувате интерес, а кој беше оформен по поднесена кривична пријава од застапник на оштетените лица. По прибирањето на медицинската документација, изјави на лица кои можат да дадат податоци, сите неопходни материјални и вербални докази, ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката. Кои конкретни дејствија се преземаат во моментов обвинителството не е во можност да сподели со јавноста, со оглед на тоа што станува збор за предмет кој е во фаза на предистражна постапка. Во предметот оформен по извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат се преземаат дејствија во насока на проверка на наводите и обезбедување докази за сторено кривично дело. Во тој контекст, се прибираат вербални докази од лица кои можат да помогнат за утврдување на фактичката состојба", се вели во одговорот на Обвинителството испратен до МКД.мк.

Објавивме и детали од Извештајот на Лекарската комора каде член е докторот Асани против кого Обвинителството води постапки.

„По направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од ЈЗУ ОБ Струга, кои учествувале во третамнот на лекување на пациентката Јалдз Веапоска Комисијата констатира дека пацинетката е соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за елективно завршување на бременоста, не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката. Лекарската екипа инволвирана во лекувањето и третманот на пациентката соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на општата здравствена состојба на пацинетката и ги искористила сите расположливи ресурси на болницата за адекватно згрижување на пацинетката во услови на живото-загрозувачка состојба", се вели во Извештајот на Лекарската комора.

По направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ Скопје кои учествувале во третманот и лекувањето на пациентката констаирано е дека од моментот на приемот до моментот на исписот таа е третирана согласно постоечките медицински норми и стандарди.

Сите преземени мерки се во насока на стабилизација и подобрување на здравствената состојба на пацинетката.

Според горенаведеното Лекарската комора не констатирала лекарски пропусти и грешки во третманот на пацинетката.

Родилката Веапоска која е медицинско лице посведочи дека по излегувањето од болница, од операционата сала останала без органи, за кои што тврдеше дека не знае зошто и биле извадени.

За неколку медиуми оштетената родилка вчера изјави дека е разочарана од ваквиот Извештај и дека бара да и се одговори каде завршиле органите кои и биле извадени по породувањето.

По нејзиното сведоштво веднаш по операцијата и пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во куќата на лекарот Мухамед Асани, инаку член на Лекарската Комора, беше откриена гинеколошка ординација без документација, односно гинеколошка ординација во која четири жени со нотарски изјави тврдеа дека Асани ги прегледувал и им ја следел бременоста изминатите години.

Фото: Принтскрин Телма 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе