Ревакцинирани се над 380 илјади граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 510.197 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.109 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.946 граѓани, информира Министерството за здравство.

Според податоците на Министерството, во државата вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381.182 граѓани.

Со последните бројки барем една доза вакцина примиле 63% од граѓаните над 70 години, 61% од населението над 65 години, 55% од населението над 60 години и 45% од населението над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, а вакцинација на децата се закажува на сајтот vakcinacija.mk.

Инаку, ревакцинацијата се одвива во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе