За 24 часа направени 1.653 тестирања

Рекордни 15 починати од ковид-19, 173 нови заболени и 150 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 и тоа во Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3. Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

Фото: Роберт Атанасовски

Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти и тоа од Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1 и од Неготино-2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица, на возраст 64, 73 и 80 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се девет пациенти, од кои двајца на возраст од 54 години, а останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 и 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 3.208, активни 2010
Куманово 769, активни 219
Дебар 102, активни 50
Штип 355, активни 161
Прилеп 269, активни 43
Тетово 723, активни 389
Струга 242, активни 145
Велес 189, активни 42
Битола 54, активни 20
Охрид 180, активни 151
Кавадарци 21, активни 15
Гостивар 129, активни 70
Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 16, активни 10
Крива Паланка 15, активни 9
Радовиш 4,
Крушево 7, активни 4
Кочани 73, активни 21
Пробиштип 20, активни 11
Демир Хисар 2, активни 1
Македонски Брод 5, активни 3
Пехчево 6, активни 3
Берово 3, активни 1
Валандово 7, активни 3
Виница 3,
Делчево 1,
Кратово 4, активни 1
Свети Николе 36, активни 32
Кичево 38, активни 32
Ресен 111, активни 97
Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.653 теста се преку: ИЈЗ –1.001, Авицена –101, Биотек –105, МАНУ -112, Клиника „Жан Митрев“ -138, Судска медицина-6,  Систина  со PCR метода -161, ЦЈЗ Битола – 29. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти од кои на кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти од кои на респираторна машина се осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 422
Гази Баба – 177
Бутел – 162
Карпош – 160
Сарај – 155
Аеродром – 154
Центар – 141
Кисела Вода – 114
Ѓорче Петров – 110
Студеничани – 110
Шуто Оризари – 88
Арачиново – 51
Илинден – 32
Чучер Сандево – 20
Петровец – 17
Сопиште – 13
Зелениково - 4
Странец – 2

 

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе