Регистрирани нови 520 заразени со коронавирусот, 12 починати и 372 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3023 тестирања, а регистрирани се 520 нови случаи на коронавирусот. Починати се 12 лица, а оздравени 372  пациенти.

Од новозаразените 520 случаи, од Скопје се 231, Куманово-22, Дебар-11, Штип-10, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-9, Велес-20, Битола-10, Охрид-22, Кавадарци-28, Гостивар-25, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-4, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-16, Штип-6, Прилеп-18, Тетово-12, Струга-20, Велес-15, Битола-17, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-9, Струмица-17, Радовиш-7, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-5, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-3, Неготино-12.

Починати се 12 лица, четири пациенти од Скопје (88, 50, 82 и 65г.), еден пациент од Дебар (72г.), двајца од Струга (79 и 81г.), два пациенти од Охрид (94 и 66г.), еден пациент од Струмица (79г.), од Крива Паланка (59г.) и еден пациент од Кичево (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87117, бројката на оздравени пациенти е 68364, на починати е 2647, а бројот на активни случаи изнесува 16106. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 37746, активни 9871
• Куманово 4912, активни 472
• Дебар 694, активни 146
• Штип 3392, активни 187
• Прилеп 4392, активни 348
• Тетово 4898, активни 704
• Струга 2103, активни 191
• Велес 2888, активни 387
• Битола 3123, активни 369
• Охрид 2586, активни 419
• Кавадарци 2317, активни 479
• Гостивар 3480, активни 435
• Гевгелија 1225, активни 211 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2410, активни 434
• Крива Паланка 688, активни 113
• Радовиш 655, активни 73
• Крушево 176, активни 25
• Кочани 1663, активни 158
• Пробиштип 467, активни 34
• Демир Хисар 238, активни 29
• Македонски Брод 232, активни 14
• Пехчево 169, активни 26
• Берово 547, активни 63
• Валандово 321, активни 34
• Виница 468, активни 65
• Делчево 690, активни 211 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 203, активни 16
• Свети Николе 1054, активни 66
• Кичево 1623, активни 179
• Ресен 670, активни 112
• Неготино 1087, активни 235 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3023 теста се преку: ИЈЗ-604, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-277, Биотек-384, МАНУ -139, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Систина со PCR метода -331, лабораторија Лаор –100, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-15, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-36, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -852, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 421.153 тестирања на Ковид -19.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе