За 24 часа направени 1.140 тестирања

Регистрирани нови 126 случаи на ковид-19, 4 починати и 48 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1 и во Ресен-3. Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од кои во Скопје-43, во Штип-1, во Битола-1 и во Ресен-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56). Во ГОБ „8 Sептември" почината е пациентка од Скопје (56). Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71) и во Прилеп пациент на 83 години.

Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 3.071, активни 2.007
Куманово 756, активни 299
Дебар 92, активни 40
Штип 345, активни 160
Прилеп 261, активни 36
Тетово 700, активни 384
Струга 220, активни 135
Велес 185, активни 40
Битола 51, активни 17
Охрид 167, активни 143
Кавадарци 19, активни 13
Гостивар 119, активни 63
Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 15, активни 10
Крива Паланка 15, активни 9
Радовиш 4, активни 0
Крушево 6, активни 3
Кочани 69, активни 22
Пробиштип 19, активни 11
Демир Хисар 2, активни 1
Македонски Брод 4, активни 2
Пехчево 6, активни 3
Берово 2, активни 0
Валандово 6, активни 2
Виница 3, активни 0
Делчево 1, активни 0
Кратово 4, активни 1
Свети Николе 28, активни 24
Кичево 30, активни 25
Ресен 103, активни 94
Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1140 теста се преку: ИЈЗ –489, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -180, Судска медицина-0, Систина со PCR метода -120, ЦЈЗ Битола-20, лабораторија Лаор- 0.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 435
Гази Баба – 171
Аеродром – 160
Карпош – 157
Бутел – 155
Сарај – 153
Центар – 139
Кисела Вода – 118

Ѓорче Петров – 115

Студеничани – 101
Шуто Оризари – 81
Арачиново – 53
Илинден – 33
Петровец – 19
Чучер Сандево – 17
Сопиште – 12
Зелениково-2
Странец – 2
Нераспределен- 84

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе