Најмногу грипосани во Струмица и Дебар

Регистрирани 583 заболени од грип за една недела

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 1.618.

Изминатата недела (од 6 јануари до 12 јануари), се регистирани 583 заболени од грип, што е зголемување за речиси три пати споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 207 случаи. Ова денеска го изјави епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека и покрај тоа што бројот на заболени значително се зголемил, тоа не е бројка која го поминува прагот на сезонската активност кога може да се каже дека веќе има вистинската сезона на грип.

„Наспроти податоците што ги добиваме од вирусолошкиот надзор кои велат дека минатата недела се тестирани најголем број материјали – 18 од кои пет се позитивни, има три материјали позитивни на грип од типот H1 и два А тип, но не субтипизирани заедно со тоа што пред недели го детектиравме како H3 А тип, веќе имаме палета на разноликост, каде превалира 70 отсто појава на А тип, а 30 отсто појава на Б типот“, потенцира д-р Кузмановска.

Додаде дека најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (166), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата што ја покрива Подрачната единица Дебар (209 на 100.000 жители) со 58 пријавени случаи.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 1.618. 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе