Регистрирани 582 нови случаи на ковид-19, починати се 13 лицa

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.

Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:
Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.  
 
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје  (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
 
Направени се 2.972 тестови преку: ИЈЗ-549, ЦЈЗ Скопје-83, Авицена-290, Биотек-527, Жан Митрев (Филип Втори)-118, Систина-194, Лаор–205, МАНУ-0, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-79, Ремедика-18, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 819, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
 
Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.
 
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.
 
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
 
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 44233, активни 3261
Куманово 5520, активни 238
Тетово 5413, активни 265
Прилеп 5287, активни 589
Гостивар 3764, активни 138
Штип 3641, активни 120
Битола 3402, активни 161
Велес 3416, активни 244
Охрид 3200, активни 387
Кавадарци 3253, активни 528
Струмица 2686, активни 161
Струга 2386, активни 159
Кочани 1814, активни 71
Кичево 1762, активни 59
Гевгелија 1187, активни 165
Неготино 1174, активни 169
Свети Николе 1105, активни 24
Ресен 805, активни 66
Крива Паланка 812, активни 68
Дебар 791, активни 40
Радовиш 744, активни 26
Делчево 732, активни 188
Берово 640, активни 26
Пробиштип 538, активни 22
Виница 518, активни 24
Валандово 360, активни 25
Кратово 274, активни 36
Демир Хисар 261, активни 11
Крушево 272, активни 65
Македонски Брод 252, активни 7
Богданци 260, активни 34
Демир Капија 240, активни 30
Македонска Каменица 193, активни 3
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 5
 
 
 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе