Министерство за здравство

Регистрирани 565 нови случаи на ковид-19, починати 21 лице

42,6% е денешниот процент на новозаразени лица од бројот на тестирани. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на ковид-19. Бријката на починати лица во болнички услови денеска е 21.

Од новозаразените лица најмногу се регистрирани во Скопје-230, Куманово-35, Штип-13, Прилеп-65, Тетово-39, Струга-1, Велес-27, Битола-15, Охрид-3, Кавадарци-10, Гостивар-27, Гевгелија-13, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-15, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-6, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-1, Неготино-9.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-58, Штип-7, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-8, Велес-7, Битола-11, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-6, Струмица-9, Кочани-5, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-2, Неготино-3.

Починати се 21 лице, 6 пациенти од Скопје (45,52, 63, 67, 68 и 84г), пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83г), еден од Куманово (74г), двајца пациенти од Велес (83 и 89г), двајца од Богданци (75 и 85г) и по еден пациент од Битола (79г), Радовиш (71г), Прилеп (61г), Охрид (51г) и Штип (63г). Освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.997, бројката на оздравени пациенти е 21.244, на починати е 1.025, а бројот на активни случаи изнесува 10.728. Денеска се регистрираат четири контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 14.272, активни 5.042

• Куманово 2.365, активни 466

• Дебар 346, активни 54

• Штип 1.728, активни 306

• Прилеп 1.441, активни 565

• Тетово 2.332, активни 636

• Струга 837, активни 110

• Велес 843, активни 438

• Битола 740, активни 299

• Охрид 736, активни 258

• Кавадарци 548, активни 240

• Гостивар 1.272, активни 259

• Гевгелија 416, активни 200 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1.010, активни 568

• Крива Паланка 253, активни 101

• Радовиш 251, активни 90

• Крушево 32, активни 11

• Кочани 750, активни 223

• Пробиштип 212, активни 72

• Демир Хисар 85, активни 18

• Македонски Брод 106, активни 10

• Пехчево 60, активни 8

• Берово 220, активни 56

• Валандово 111, активни 40

• Виница 190, активни 73

• Делчево 264, активни 109 (66 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 62, активни 32

• Свети Николе 494, активни 91

• Кичево 596, активни 191

• Ресен 254, активни 69

• Неготино 171, активни 93 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.325 теста се преку: ИЈЗ-610, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -156, Жан Митрев (Филип Втори) -181, Систина со ПЦР метода -141, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-20, Инфективна клиника-15, ГАК-0, Синлаб-43, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-99, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 253.173 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 128 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 19 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" има 10 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 61, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 351 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 275

• Гази Баба – 650

• Аеродром -869

• Карпош – 741

• Центар – 668

• Кисела Вода – 649

• Ѓорче Петров – 402

• Бутел - 266

• Шуто Оризари – 53

• Студеничани – 21

• Сарај – 38

• Арачиново -10

• Илинден – 121

• Сопиште – 43

• Чучер Сандево – 28

• Петровец –38

• Зелениково -16

• Странец – 45

• Нераспределен- 109.

 

 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе