Од 1 до 7 април

Регистрирани 283 заболени од грип, информира Институтот за јавно здравје

Институтот за јавно здравје информира дека во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани 283 заболени од грип. Според извештајот објавен на интернет страницата на Институтот, оваа бројка е за 40,8 отсто помалку во споредба со неделата пред неа кога биле регистрирани 478 заболени.

Регистрираната инциденца оваа недела укажува на ниска активност на вирусот на грип. Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 56,4 отсто споредено со истиот период минатата сезона.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 18 материјали за тестирање на грип, од кои седум (38,8 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – четири Инфлуенца А(Х3), еден Инфлуенца А(Х1)пдм и два Инфлуенца А несуптипизиран.

Изминатата недела најголем број заболени лица (191) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 17,9 на 100.000 жители е регистрирана кај возрасната група лица постари од 65 години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 21 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од Подрачната единица Гостивар (58) каде е регистрирана и највисока инциденца од 48,4 на 100.000 жители.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број заболени од грип изнесува 20.940.

 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе