Во последните 24 часа направени се 1.348 тестирања

Регистрирани 182 нови случаи на ковид-19, шест лица починаа, 33 се оздравени

Во последните 24 часа се регистрирани 182 нови случаи на ковид-19 од направени 1.348 тестирање. Новите случаи се во Скопје-107, Куманово-14, Штип-4, Тетово-23, Струга-5, Битола-2, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-13 и во Неготино-1. Починаа шест лица, а регистрирани се 33 оздравени, информира Министерството за здравство.

Фото: Роберт Атанасовски

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 33 оздравени пациенти и тоа од Скопје-22, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-1, Кочани-2, Свети Николе-1 и од Кичево-1.

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 2.243, активни 1.507

Куманово 668, активни 219

Дебар 62, активни 10

Штип 254, активни 205

Прилеп 229, активни 16

Тетово 481, активни 297

Струга 147, активни 68

Велес 156, активни 29

Битола 37, активни 9

Охрид 90, активни 71

Кавадарци 8, активни 3

Гостивар 78, активни 52

Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

Струмица 10, активни 7

Крива Паланка 10, активни 4

Радовиш 4, активни 0

Крушево 5, активни 2

Кочани 56, активни 23

Пробиштип 11, активни 9

Демир Хисар 1, активни 0

Македонски Брод 3, активни 1

Пехчево 5, активни 2

Берово 3, активни 2

Валандово 5, активни 3

Виница 3, активни 0

Делчево 1, активни 0

Кратово 4, активни 2

Свети Николе 11, активни 9

Кичево 5, активни 2

Ресен 47, активни 46

Неготино 19, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.348 теста се преку: ИЈЗ –570, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена –98, Биотек –150, Систина со PCR метода –189, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -152 и Судска медицина-0. Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани се 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе