Соопштение на Светиот архиерејски сабор

Реален е дијалогот за евентуално иден конечен статус на MПЦ, порача СПЦ

Во соопштението објавено на официјалниот сајт на СПЦ се вели дека од МПЦ-ОА бил добиен акт со кој го прифаќа општопризнатиот канонски статус, што ѝ е доделен во 1959 година од страна на Светиот архиерејски собор на СПЦ и дека „со воспоставувањето на единство на канонска основа и под услови на важење на канонскиот поредок на целото подрачје на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуално коначен статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен, туку е и целисходен, легитимен и реален“.

Во соопштението на СПЦ се вели:

Примајќи го актот од Светиот aрхиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, со кој таа го прифаќа општопризнатиот канонски статус, што ѝ е доделен во 1959 година од страна на Севтиот архиерејски собор на Српската православна црква и во кој изразува надеж дека СПЦ братољубиво ќе го решава и ќе го реши прашањето за нејзиниот конечен канонски статус, за кој треба да следи и сѐправославна согласнот за прифаќање на тој статус, Светиот архиерејски собор одлучи:

-Со благодарност на Господа и со радост Саборот го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно полна внатрешна самостојност, доделен уште во 1959 година.

-Бидејќи со ова се отстранети причините за прекин на богослужбеното и канонско општење, предизвикани со еднострано прогласената автокефалност во 1967 година, се воспоставува полно литургисоко и канонско општење.

-Со воспоставувањето на единство на канонска основа и под услови на важење на канонскиот поредок на целото подрачје на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуално коначен статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен, туку е и целосходен, легитимен и реален.

-Во дијалогот за нивниот иден и евентуално коначен канонски статус СПЦ ќе се раководи само и исклучиво од еклисиолошко-канонските и црковно-пастирските начела, мерила и норми, не водејќи се притоа од „реалполитичките", „геополитичките" и „црковнополитичките" и други слични дадени работи за еднострани иницијативи и не подлегнувајќи на никакви влијанија, или притисоци.

-И на крајот, Саборот нема намера по решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со ограничувачки клаузули во поглед на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и во дијаспората, со препорака прашањето за своето официјално име да го реши во непосреден братски дијалог со гркофонските и останатите помесни цркви.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе