Министерство за здравство

Расте бројот на заразени и активни случаи од ковид-19, Филипче од есен најавува поинтензивна работа за лекарите

Од вчерашниот билтен на Министерството за здравство најдобриот податок беше дека вчера беше еден од ретките денови кога немаше регистрирано починат пациент заразен од коронавирусот. Од друга страна пак, вчера ја надминавме границата од 10.000 заразени пациенти, вкупно 10.086, а и бројот на активни случаи постојано се зголемува - 4.199. 

Од почетокот на епидемијата од коронавирусот во Македонија, 26 февруари, па сѐ некаде до мај бројките за новозаразени, починати и активни случаи беа навистина оптимистички. Тогаш беа воведении строги рестриктивни мерки. Кон крајот на мај овие бројки почнаа и да паѓаат. Тогаш власта реши и да почне да попушта со рестриктивните мерки. Вториот бран донесе и поголем број на тестирања и постојан раст на бројoт на активни случаи.

Вчера беа регистрирани и 152 новозаразени од коронавирусот на извршени 1.077 тестирања или 14% од тестовите биле позитивни. Последниве денови трендот на раст на бројот на активни случаи исто така е загрижувачки.

Вчера од новодијагностицираните, 39 се во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 во Штип, 13 во Струга, девет во Тетово, осум во Дебар, по пет случаи во Битола и Кавадарци, четири во Струмица, три во Охрид, Гевгелија и Делчево, два во Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево  и по еден во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово  и Свети Николе.

Досега се направени вкупно 95.169 тестирања на ковид-19.

Вкупнниот број на дијагностицирани на коронавирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 10.086, бројот на оздравени пациенти е 5,427, на починати е 460, а во моментов активни случаи има  4.199.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера во изјава за ТВ Алсат најави дека во наредните недели медицинскиот персонал по болниците конечно ќе почне да користи годишни одмори. Филипче додава дека тоа нема да влијае на третманот на лицата со ковид-19.

„Апсолутно сите пожртвувано работеа изминатите 4 месеци, одморот мора да го земат, затоа што мислам дека уште поинтензивна работа ќе следи во есенските месеци. Мора да кажам дека има и многу позитивни искуства, многу колеги најавија дека нема сега да го земаат годишниот одмор, мислам дека е сосем коректно, многу професионално се поставија здравствените работници како и со справување со кризата, така и по ова прашања. Така што, проблем по однос на ова прашање воопшто немаме“, рече Филипче и додаде дека болничкиот капацитет за лекување на пациенти со ковид-19 е полупразен и дека нема опасност од недостиг на болнички простор.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе