Расте бројот на новозаболени од ковид-19, во болниците се лекуваат 372

Нови 200 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, со што вкупниот број на ковид дијагностицирани се искачи на 11.754 лица, од кои оздравени се 7.622, починале 523, а 3.609 се активни случаи. Според податоците од Министерството за здравство, најголем број од новозаразените се во Скопје, потоа во Штип, Куманово, Гостивар, Тетово и Велес.

Во моментов во болнички услови се лекуваат 372 пациенти. На Инфективната клиника вчера биле примени четворица пациенти, а вкупно хоспитализирани се 80, од кои 37 се на кислородна поддршка, а ниту еден не е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и четири деца позитивни, додека тројца се суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ се примени девет нови, а вкупно хоспитализирани се 74 пациенти од кои пет се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани вкупно 123 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера, како дел од стратегијата за справување со ковид-19најави двојно зголемување на бројот на бесплатните вакцини против сезонски грип, а рече и дека се преземаат чекори за зајакнување на болничките капацитети, за брзо тестирање, како и за зголемување на медицинскиот персонал во пресрет на евентуален нов корона бран оваа есен.

„Дел од нашата стратегија е двојно да ги зголемиме бесплатните сезонски вакцини против грип. Вакцината нема да биде задолжителна, но таа и тоа како е важна мерка за заштита против ковид-19, особено за луѓето од најранливите групи. Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците…, за тие кои сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, зашто за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која нема вакцина“, рече Филипче.

Според него, продолжува изградбата на модуларни болници во 16 општини низ земјава и моментно нема недостаток на специјалисти иако лекарите веќе почнале да ги користат одморите.

„Прво ги спремаме 16-те ковид центри по примерот на модуларната болница до Инфективната клиника, за да се зголеми бројот на болнички кревети во сите болници ширум државата, и целосно да се одделат овие пациенти со ковид-19. Во секоја од овие 16 ќе има брза дијагностика, да се знае веднаш по приемот дали пациентот е носител или не на вирусот, да се знае по која патека да се движи“, додаде Филипче.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе