Од направени 4.094 тестирани високи 32 отсто се позитивни

Расте бројот на нови случаи на ковид-19, денеска се 1.293, починаа 24 лица

Од направени 4.094 тестирања во последните 24 часа регистрирани се 1.293 нови случаи на ковид-19, односно 32 отсто од тестираните. Исто така, регистрирани се 339 оздравени пациенти, а починати се 24 лица, на возраст од 49 до 90 години.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 626, Прилеп - 88, Велес – 60, во Гостивар, Кавадарци и Битола по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, Куманово – 28, Кочани – 23, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Пробиштип - 12, во Валандово и Демир Капија по 11, Кичево – 10, Делчево – 9, во Струга, Крива Паланка и Берово – по 8, Крушево – 6, Ресен – 5, Богданци – 4, Свети Николе – 3 и во Дебар, Виница, Пехчево и Дојран по 1.

Регистрираните 339 оздравени пациенти се од Скопје – 220, Прилеп – 25, Гевгелија – 14, Тетово и Велес – по 9, Куманово – 8, Гостивар – 7, Струмица - 6, од Крива Паланка и Богданци по 5, од Штип и Битола по 4, од Кичево, Берово и Демир Хисар по 3, од Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница по 2 и од Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово по 1 лице.

Според Институтот за јавно здравје, пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, двајца од Прилеп и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и од Пехчево. Од нив 23 се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.

Направените 4.094 тестови се преку: ИЈЗ-978, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-97, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-330, Биотек-374, Систина-349, лабораторија Лаор–318, Синлаб-88, Ремедика-36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.281.Досега во земјата се направени вкупно 575.162 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 51.090, активни 6.333

Прилеп 6.254, активни 866

Куманово 6.058, активни 437

Тетово 5.863, активни 396

Гостивар 4.137, активни 333

Кавадарци 3.954, активни 684

Штип 3.885, активни 228

Велес 3.842, активни 365

Битола 3.802, активни 364

Охрид 3.655, активни 488

Струмица 2.962, активни 232

Струга 2.538, активни 169

Кочани 2.014, активни 170

Кичево 1.845, активни 64

Неготино 1.654, активни 437

Гевгелија 1.532, активни 300

Свети Николе 1.156, активни 43

Крива Паланка 989, активни 136

Ресен 899, активни 100

Дебар 807, активни 13

Радовиш 802, активни 58

Делчево 780, активни 58

Берово 721, активни 70

Пробиштип 609, активни 56

Виница 543, активни 22

Валандово 428, активни 56

Крушево 387, активни 119

Богданци 350, активни 63

Кратово 303, активни 22

Демир Хисар 303, активни 38

Демир Капија 302, активни 69

Македонски Брод 261, активни 9

Пехчево 201, активни 13

Македонска Каменица 194, активни 2

Дојран 102, активни 6

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе