Направени се 3.342 тестирања за 24 часа

Расте бројот на нови случаи на ковид-19, денеска има 725, а починаа 13 лица

Во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 и 215 оздравени, а починале 13 лица. Новите случаи се во Скопје – 274, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18,  Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12,  во Струга и Крива Паланка  по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, во Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија по 3, Кичево – 2 и во Берово – 1.

Регистрираните 215 оздравени пациенти се од Скопје – 125 , Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, од Тетово, Куманово и Неготино по 4, од Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш по 3, од Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар по 2 и од Кочани, Крива Паланка и Виница по 1.  

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје  (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направените 3.342 тестови се преку: ИЈЗ-1029, ЦЈЗ Скопје-86, Авицена-268, Биотек-337, Жан Митрев (Филип Втори)-116, Систина-218, Лаор–183, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-92, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-45, Ремедика-23, ИБЗД Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 903, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 43.959, активни 3.153

Куманово 5.496, активни 222

Тетово 5.395, активни 259

Прилеп 5.232, активни 551

Гостивар 3.755, активни 132

Штип 3.633, активни 118

Битола 3.392, активни 156

Велес 3.398, активни 235

Охрид 3.187, активни 434

Кавадарци 3.213, активни 508

Струмица 2.674, активни 151

Струга 2.378, активни 175

Кочани 1.804, активни 62

Кичево 1.761, активни 60

Гевгелија 1.164, активни 151

Неготино 1.154, активни 152

Свети Николе 1.105, активни 24

Ресен 803, активни 71

Крива Паланка 807, активни 67

Дебар 788, активни 43

Радовиш 744, активни 31

Делчево 730, активни 190

Берово 639, активни 28

Пробиштип 536, активни 23

Виница 515, активни 22

Валандово 356, активни 23

Кратово 272, активни 36

Демир Хисар 260, активни 10

Крушево 265, активни 60

Македонски Брод 252, активни 7

Богданци 255, активни 29

Демир Капија 238, активни 28

Македонска Каменица 193, активни 4

Пехчево 184, активни 3

Дојран 95, активни 5

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе