Епидемиолошка состојба

Расте бројот на болни од ковид-19, порестриктивни мерки не се преземeни

Неколку дена по ред рекордно високи се бројките на новозаразени со коронавирусот кои варираат од 1.700 до речиси 2.000 нови позитивни на вирусот за временски период од 24 часа, а се полнат и болничките капацитети. Не е намален црниот дневен биланс, од почетокот на пандемијата починаа 8.083 лица со што земјава е во самиот европски врв според смртноста. Нови рестриктивни мерки за намалување на ширењето на заразата не се преземени, а неизвесно е дали второто полугодие ќе започне на време и дали наставата ќе биде со физичко присуство. Во моментов активни се 15.228 ковид – случаи, од кои 8.333 се во Скопје.

Изминативе неколку недели, со оглед на фактот дека се зголемува бројот на заболени од омикрон сојот на ковид-19 кој дава поблака кличка слика, притисокот врз болниците е помал од очекуваното, но сепак се зголемува бројот на хоспитализации, а особено е во пораст бројот на амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден во една установа. Во болницата „8-ми Септември“ слободни се уште само неколку болнички кревети, а се прават подготовки за пренамена на одделенија во ковид - оддели.

Според анализата на Институтот за јавно здравје базирана на извештаите од болниците, моментно со ковид-19 се хоспитализирани 340 лица, a од нив 81 отсто не се вакцинирани, додека 19 проценти се вакцинирани.

Во периодот од 6 август до завчера, 78 отсто од починатите лица не биле невакцинирани, а 22 отсто биле вакцинирани со две дози.

Во период по 6 август на територија на државата како позитивни на ковид-19 биле 85.593 граѓанин, од кои 37 отсто биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Анализата на Министерството покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, посочуваат од Министерство и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцините го намалуваат бројот на зарази, но и помагаат евентуалното заразување да помине полесно.

Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на ковид-19, а бројот на ковид-позитивни изнесува 241.651 лица, бројот на оздравени пациенти е 218.340, а на починати е 8.083.

Брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот има речиси во сите држави, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.

Што се однесува до состојбата во регионот, по завчерашниот црн рекорд од 13.753 новозаболени во Србија и вчера, според официјалната веб-страница на Министерството за здравство, бележи петцифрена бројка на заразени, или од 31.540 тестирани позитивни се 12.721 лица.

Во училиштата во Хрватска секој ден има се помалку ученици во училишните клупи и помалку наставници во одделенијата поради брзото темпо на ширење на коронавирусот што трае цела оваа недела. Според Министерството за наука и образование, завчера 9.158 ученици во Хрватска не дошле на училиште поради позитивен тест за ковид или мерка на самоизолација, а 1.580 образовни работници останале дома од истите причини. Моментално позитивен тест имаат 6.468 ученици и 1.391 вработен, што е зголемување за 680 ученици за само еден ден и 95 вработени.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера во интервју за грчката телевизија „Антена",  во врска со пандемијата рече дека постои умерен оптимизам за омикрон сојот. Објасни дека по брзото зголемување на новозаразените на крајот од минатиот месец сега постои деескалација, а податоците покажуваат дека новата варијанта „горе-долу наликува на летна бура: висок интензитет, брзо се интензивира, но и брзо заминува".

Со оглед на тоа од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години, Мицотакис рече дека засега, Владата нема намера да ја прошири задолжителната вакцинација и на други категории, но и уште еднаш повтори дека целосно вакциниран се смета оној кој ја примил и бустер дозата.

Унгарската Влада ќе предложи четврта, засилувачка, доза вакцина против ковид за да се справи со ширењето на коронавирусот, соопшти владин претставник.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе