ПСУ Јахја Кемал организира меѓународен турнир во шах „Квалитет 2019“

Шахот во ПСУ „Јахја Кемал" почна да се воведува 2012 година, отпрво како клупска активност, а од 2015 како редовен предмет од 1 до 3 одделение и изборен предмет од 4 до 6 одделение. Веднаш се наметна потребата од организирање на шаховски натпревари на кои децата не само од ПСУ „Јахја Кемал", туку и пошироко од цела Македонија ќе земат учество.

Во организација на ПСУ „Јахја Кемал“ и шаховскиот клуб „Гамбит"  секоја година во месец мај се организираат меѓународни шаховски турнири „КВАЛИТЕТ“ и тоа во три возрасни категории. Турнир за деца до 8 годишна возраст, турнир за деца до 10 годишна возраст и ОПЕН турнир до 18 годишна возраст.

Во 2016 година се реализираа првите турнири со 50 учесници, а во 2017 и 2018 тие прераснаа во меѓународни младински турнири со учество на млади шахисти од Бугарија, Албанија, Србија, Романија, Хрватска, Норвешка и Франција.

„Придобивките од изучувањето на шахот се присутни кај сите деца. Освен што сакаме да привлечеме што е можно поголем број на деца да земаат учество во овој спорт како натпреварувачи, сакаме шахот да стане и хоби на секое дете. Играјќи шах, детето ја јакне концентрацијата, меморијата, а особено способноста да решава проблеми од секаков тип, поразот да го претвори во лекција, а истовремено да бидат достоинствени во победата, да не се омаловажува противникот. Шахот учи на фер плеј“, велат од „Јахја Кемал“.

И оваа година шаховскиот турнир  „КВАЛИТЕТ 2019“ почна со меѓународно учество во организација на ПСУ „Јахја Кемал“ и шаховскиот клуб „Гамбит".

http://chess-results.com/tnr424966.aspx?lan=1

http://chess-results.com/tnr424895.aspx?lan=1

 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе