Психијатриската болница Демир Хисар по 63 години доби нов павилјон

Министерот за здравство Венко Филипче денеска официјално го отвори новоизградениот дел на Психијатриската болница Демир Хисар, комплетно нов машки павилјон за чија изградба средствата ги обезбеди Американската амбасада, а уредувањето го финансираше самата болница.

„Оваа здравствена установа претставува значаен центар за лекување на пациентите со нарушено ментално здравје. Од основањето на болницата пред 63 години, не беше направена ниту една посериозна интервенција на постојните капацитети. Новиот павилјон, кој го изградивме во партнерство со американската влада е голем исчекор во унапредувањето на оваа установа и здравствениот третман на пациентите, кои се лекуваат овде. Наша цел, како Министерство за здравство, е на сите пациенти да им овозможиме медицинска нега и квалитетни здравствени услуги соодветни на нивните потреби“, изјави Филипче.

Новоизградениот машки павилјон е со површина од 510 метри квадратни и има болнички и административен дел. Внатрешното уредување на павилјонот е направено со сопствени средства на болницата и согласно стандардите за ваков тип установи.

„Објектот поседува 36 болнички кревети, санитарен и административен дел. Во целост објектот нуди подобри услови за престој на пациентите, но и многу подобри услови за работа на персоналот. Сето ова значи и повисок квалитет на здравствена услуга“, рече Татјана Лозановска, директорка на Психијатриската болница Демир Хисар.

На отворањето на новиот павилјон присуствуваше и мајор Даниел Маједа, шеф на канцеларијата за одбранбена соработка при Американската амбасада, според кого, ова е само еден дел од програмата за хуманитарна помош финансирана од Европската команда на војската на САД. Преку оваа програма досега се реализирани над 30 проекти во областа на здравството, образованието, кризниот менаџмент и справување со кризи. Маједа најави дека и понатаму ќе поддржуваат проекти кои ќе ги подобруваат основните потреби на локалното население, а во партнерство со соодветните министерства, институции или општини.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе