Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Првоодделенци со попреченост ќе добиваат стипендии за учебната 2021/2022

Конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година е објавен во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, а го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и со финансиска поддршка од Европската Унија.

Целта на проектот е целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Во текот на учебната 2020/2021 година, преку овој проект се обезбедени стипендии на 322 деца со попреченост кои се запишаа и редовно посетуваа настава. Проектот ќе ја продолжи поддршката на овие ученици, но и ќе овозможи дополнителни стипендии за нови 150 ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година.

Стипендијата е во месечен износ од 50 евра во денарска противвредност и ќе се доделува десет месеци, од септември 2021 до јуни 2022, а пријавувањето е до 30 септември 2021. Во конкурсот е достапна пријавата за аплицирање и се содржани информации за потребните документи и нивното поднесување.

Со доделување на стипендиите им се помага на семејствата на децата со попреченост за трошоците поврзани со нивното школување, училишни материјали, специјализирана опрема, воннаставни активности, асистенти за помош/едукација, трошоци за терапија, транспортни трошоци или други слични специфични потреби, а воедно целта на проектот е да се поддржи процесот на проактивно и засилено запишување на ученици со попреченост во редовните училишта.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе