Први Мај

Првомајски проглас на СОНК: Aко државата не ги слушне нашите укажувања, ќе ја види нашата сила

Состојбите на работниците во Македонија се на многу ниско ниво, од аспект на социјален статус и економска сигурност, во однос на социјалниот дијалог и партнерство, во однос на почитување на законите и други правни акти, во однос на сигурноста на работните места, во однос на безбедноста при работа... се вели во Првомајскиот проглас на Самостојниот синдикат на образование, наука и култура.

„Доколку многу сериозно и многу брзо не се сфатат нашите укажувања, дотолку повеќе надлежните во државата ќе ја сфатат сериозноста и силата на нашиот синдикат. Не ја потценувајте одлучноста, силата и единството на членовите на СОНК, порачуваат од синдикатот.

Самостојниот синдикат на образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК), упати Првомајски проглас преку кој се обраќаат до членовите, сите работници во државата и до целата јавност со видување на состојбите на работниците од аспект на социјално-економската положба, социјалниот дијалог и партнерство, сигурноста на работното место, безбедноста при работа…

Со овој Првомајски проглас СОНК сака уште еднаш на ваков начин да го изразат своето незадоволство околу положбата на нивните членови во дејностите детска заштита, основно, средно, високо образование, наука и култура.

„И покрај сите заложби на нашиот синдикат, во сите споменати дејности заеднички е фактот што тие како едни од најважните дејности во државата, ако не и најважни, се на дното на скалилото на плати во јавниот сектор во државата, а пак и да не зборуваме за надвор од неа, во соседството и пошироко. Во последниве неколку години државата се обиде да направи обид за подобрување на социјалниот статус на оваа категорија на работници, но тоа беше сосема симболично и незадоволително од една страна, како и селективно, од друга страна. Зголемувањето на платите од пет отсто за детските градинки, основното и средно образование ни одблизу не ги задоволуваат основните потреби за егзистенција, наспроти зголемување на минималната плата на национално ниво од 20 отсто. Ситуацијата во установите од културата и високото образование и науката е уште полоша, од позиција на ниски плати, дури ни без тие пет отсто зголемување во 2018 година. Ветувањата за зголемување на платите и во 2019 година за дополнителни пет отсто за СОНК се добродојдени, но процентот е апсолутно неприфатлив, односно низок. СОНК во повеќе наврати укажуваше и бараше усогласување на платите со процентот на зголемување на минималната плата на национално ниво“, стои во Првомајскиот проглас.

За СОНК неприфатлив е игнорантскиот однос на  ресорните министерства и на Владата и покрај јавните упатени барања за остварување на сериозни средби и разговори со што би се затвориле отворените прашања и проблеми.

„Особено навредува ваквиот однос и покрај низата јавни социјални протести во изминатава година што ги организираше СОНК во рамките на КСС.  За ваквиот однос на државата кон релевантни социјални партнери во однос на социјалниот дијалог и партнерство во Македонија даде и Меѓународната конфедерација на синдикати - ITUC во последниот свој извештај, каде што Македонија е ставена  на  листата со држави од Африка, каде што правата на работниците секојдневно се кршат“, стои во прогласот.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе