Прво ребаланс на Буџетот па за 15 отсто повисоки плати во основно и средно образование од септември, вели Шаќири

Од септември ќе има повисока плати за 15 отсто за вработените во основно и во средно образование, како што е договорено со Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК), а предвидено во ребалансот на Буџетот, што треба да биде усвоен во Собранието, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

„Со СОНК ја потпишавме спогодбата која произлезе од процесот на помирување. Очекуваме да помине ребалансот на Буџетот за да подготвиме информација во Владата, за да се потпише конечната спогодба за 15 отсто. Значи, преговорите имаат потпишана спогодба, договорени се сите работи со СОНК и го чекаме ребалансот. Очекувам да помине и сѐ да биде добро за од септември да има повисоки плати во основно и во средно образование“, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање на обуката за прва помош за ученици во рамки на кампањата на Црвен крст „Првата помош спасува живот“.

Конечниот договор за зголемување на платите за 15 отсто за вработените во образовните установи МОН и СОНК го постигнаа на 17 мај со посредство на медијатор  по 12 дена прекината настава поради генерален штрајк во училиштата од 11 до 28 април.

Претставниците на двете страни во спогодбата се согласија платите на вработените во основните и средните да бидат зголемени за 15 проценти, почнувајќи од септември годинава. МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување нови колективни договори за основно и средно образование, како и нова методологија што ќе обезбеди постојан раст на платите во образованието.

 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе