Министерство за здравство

Првите вакцини од „АстраЗенека“ ќе пристигнат во март

Министерството за здравство информира дека Ковакс системот преку допис ги соопштил деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја. Станува збор за вакцината „АстраЗенека“, од која првата количина за Северна Македонија е планирано да пристигне во март.

Од Ковакс информирале дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.ран на достава на вакцината „Фајзер“ BNT162b2 се вклучени само 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против ковид-19. Од Ковакс механизмот изјавуваат дека во идните фази на дистрибуција дози на „Фајзер“ вакцината може да бидат вклучени и другите учесници во механизмот“, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство, потенцира дека системот е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку Ковакс механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми, кои С. Македонија треба да ги добие.

„За таа цел, вчера во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против ковид-19 во земјата. Во однос на вакцинирањето, Република Северна Македонија има развиена безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата. За вакцините за кои што е потребно одржување на стандарден ладен ланец од 2°С до 8°С се користи постојниот логистички систем. За вакцините кои имаат посебен температурен режим на прием, складирање и транспорт на температура пониска од -70°С или -20°С се надогради постојната мрежа со обезбедување на соодветни ладилници. Системот за вакцинација е целосно подготвен. Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против ковид-19 ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се на првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години“, соопшти МЗ.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе