Министерство за здравство

Првата пациентка заразена со коронавирус заминува дома, ноќеска немало нови тестирани

Министерството за здравство информира дека првата пациентка која беше заразена со корона вирус денеска заминува на домашно лекување, откако беше по вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Како што соопшти Министерството за здравство, здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина, а петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Во текот на ноќта немало нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.

 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе