Министерство за здравство

Прва трансплатација на срце oд починат донор на Клиниката за државна кардиохирургија

На Клиниката за државна кардиорирургија синоќа се изведе првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. 

На трансплантацијата работеа тим од тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, воедно и Национален координатор за трансплантација.

„Вечерва останувам на кардиохирургија во поддршка на моите колеги. Ова е голем чекор за државната кардиохирургија и за нашето јавно здравство. Ова е тешка и ризична интервенција. Верувам во стручноста и експертизата на овој тим и им посакувам многу среќа и успешна операција. Сакам лично да се заблагодарам на семејството кое ја даде согласноста, тие покажаа што значи алтруизам во вистинска смисла на зборот“, изјави синоќа Филипче.

Повеќеинформации за ова во текот на денот.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе