Прв пат во историјата на македонското здравство

Солзи во очите на лекарите: извршена првата трансплантација на црн дроб од починат донор

Денеска на Клиниката за дигестивна хирургија, беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, прва во историјата на македонското здравство.

„Шеесетгодишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите. Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест,“ објави на Фејсбук Министерството за здравство.

Министерот за здравство Беким Сали, од свое и од името на целиот персонал, вклучен во трансплантациите се заблагодари на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи.

„Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминатите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство,“ истакна министерот за здравство Сали. 

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе