Прв Лего натпревар за едукативна роботика за деца од 6 до 10 години

За прв пат во Македонија викендов се оддржа натпревар за едукативна роботика, наменет за деца на возраст од 6 до 10 години - FIRST LEGO League Explore (FLLE), за кој регионален партнер е „Академија за роботика и иновации“ од Скопје, а домаќин на натпреварот беше ПСУ „Јахја Кемал”- Боговиње, Тетово. 

Предизвикот беше „Иднината на транспортот“, а тимовите кои се натпреваруваа, успешно спроведоа истражувачки проекти, дизајнираа роботи за извршување на задачите, се фокусираа на инженерството додека ги истражуваа проблемите во реалниот свет, поминаа прекрасно време во изучување на дизајнирање и програмирање, креирање на уникатни решенија и изработка на сопствен постер.

Најголем број награди освоија тимовите на ПСУ „Јахја Кемал”- Боговиње и ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје, а за победник на турнирот беше прогласен тимот Techno Legends“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе