Протест на професорите и студентите поради катастрофалните услови на Институтот по хемија

Некогаш хемичарите создаваа врвни научни и признаени трудови, денеска немаат ни основни алатки и хемикалии за работа, порачаа на протест вработените, професори и студенти од Институтот.

Состојбата никогаш не била полоша, велат, а немаат ни соодветни лаборатории за работа. Имаат три клучни барања за нови вработувања како и обезбедување средства од буџетот за нивните потреби. Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, порачаа професорите.

И студентите се незадоволни, реагираат дека технологија е во подем, но тие не можат да го покажат знаењето преку практична работа. Очекуваат државата на идните хемичари да им овозможи подобра иднина, во спротивно се принудени да заминат надвор.

Според министерот за образование Адеми, состојбата ќе се подобрела. Коментирајќи го денешниот протест рече дека имаат доставено барање до Министерството за финансии за нови вработувања во Институтот.

На институтот за хемија нема ниту еден асистент. Во 2010 година имало 4, но ја напуштиле работата. Вработени се 24 луѓе, од кои 20 се наставници, а од нив 15 се редовни професори.

Извор: Канал 5

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе