Иницијатива до Уставниот суд

Просветниот инспектор Илиевски ја спори уставноста на Законот за високо образование

Инспекторот за високо образование Ѓорги Илиевски кој е деградиран од своето работно место затоа што пријавил дека тројца високи владини функционери од редовите на ДУИ незаконски напредувале на факултетите каде што предаваат, реши да поднесе иницијатива во која ја оспорува уставноста на член од Законот за високо образование во кој се одредува статусот на државните и јавните функции.

Во својата иницијатива поднесена до Уставниот суд, Илиевски смета дека член 174 став 8 и 9 и член 176 став 3 од Законот за високо образование се неуставни.

Членовите 174 и 176 од Законот за високото образование, за Илиевски не се во согласност со член 89 од Уставот: „...Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии...“.

И во Законот за работните односи, член 151 пишува: „на работник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос за време на вршење на функцијата и има право, во рок од 15 дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа кај работодавачот за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка“.

Значи законодавецот оневозможува каква било работна активност на функционерот, односно работник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон.

Но, Законот за високото образование не ја следи оваа логика и е во јасна колизија со уставните норми, па во членот 174 став 8 и 9 пишува: „При мирување на работниот однос, лицето избрано во наставно-научно, наставно-стручно, наставно или соработничко звање, има право да врши високообразовна дејност на прв циклус на студии без финансиски надомест.

Лицето избрано во наставно-научно, наставно-стручно или наставно звање, на кое му мирува работниот однос, има право да држи предавања и да биде ментор на втор и трет циклус на студии, како и да врши други активности од високообразовната дејност“.

Илиевски вели дека е евидентна неусогласеноста на цитираните одредби на Законот за високо образование со членот 89 од Уставот.  Уставната одредба и уште повеќе, концептот на „мирување“ на работниот однос, во својата суштина подразбира целосно мирување на сите активности, права и обврски од работниот однос кои се непосредно поврзани со работниот однос, пишува во иницијативата.

Предлагачот вели дека Законот за високо образование не ги почитува уставните норми за мирување на активностите, правата и обврските од работниот однос.

„Функционерот не може и не смее да се става над Уставот и своеволно да остварува дополнителни права за себе, во време на извршување на друга државна или јавна функција поради која, работниот однос му мирува... Ваква двојност во извршување на функции е спротивна на европската пракса и не постои во ниту една земја членка на ЕУ, во која и Македонија претендира да влезе“, пишува во иницијативата.

Илиевски на Уставниот суд му предлага да ја провери уставноста на наведените одредби од Законот за високото образование кои произведуваат висок тензичен однос меѓу правото и политиката, бидејќи недвојбено се спротивни на Уставот и по спроведената постапка да донесе одлука со која, истите ќе ги поништи или укине.

Илиевски годинава како просветен инспектор донел решение поништување на унапредувањата во повисоки наставно-научни звања за Арбер Адеми, актуелен министер за образование и наука, Агим Нухиу, заменик-министер за внатрешни и Сафет Емрули, директор на Државниот завод за индустриска сопственост. Тие овие звања на факултетите каде што предаваат ги добиле додека вршеле јавни функци. Ова беше спротивно на тогаш важечкиот Закон за високо образование, кој изрично предвидува „мирување на работниот однос“ додека се извршува функцијата.

Во меѓувреме дошло до промени во Законот за високо образование кои сега Илиевски ги оспорува. По овие донесени промени, Африм Саљиу, раководител на Секторот за инспекциски надзор во високото образование при Државниот просветен инспекторат ретроактивно ги толкува одредбите од Законот за високото образование (2018) и заклучил дека при унапредувањето на тројцата функционери од ДУИ не само што не постоела никаква незаконитост, туку истите биле „во јавен интерес“.

А.Д.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе