Промовирана апликацијата „Беббо“ на УНИЦЕФ

Апликацијата на УНИЦЕФ „Беббо" (Bebbo) наменета за поддршка на родителите на деца до шест годишна возраст, но и за време на самата бременост денеска беше официјално промовирана. Мобилната апликација нуди сеопфатни и проверени информации и интерактивни алатки со одговори на најразлични прашања поврзани со здравјето и развојот на децата. Апликацијата е достапна на македонски и албански јазик. Обезбедува стручни совети, видеа, насоки, препораки базирани на наука, со цел обезбедување добар почеток на детето, кој ќе трае цел живот.

„Беббо" е изработена од Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Средна Азија. Во Македонија, УНИЦЕФ, во соработка со Институтот за јавно здравје, заедно со експерти од различни области на раниот развој на децата, го прилагоди материјалот на потребите на корисниците во земјата на македонски и на албански јазик.

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани во своето обраќање рече дека родителството претставува една од најтешките и најважните работни обврски.

„Обезбедувањето поддршка за родителите е од голема важност. Токму затоа инвестиравме во оваа апликација. Знам дека ќе им помогне на сите родители и благодарност до министерствата за соработката", рече Ди Џовани.

На денешната промоција присуствуваа министерот за здравство, Беким Сали, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

„Здравјето на детето почнува уште во периодот на бременоста и многу е значајно ние како систем да овозможиме поддршка за мајките во овој многу битен период. Денес живееме во свет каде иновациите и технологијата се движат со брзина на светлината. Здравството веќе се насочува кон користење на сите овие технологии кои го олеснуваат животот на секој поединец, а секако во интерес на општото здравје на граѓаните во една држава. Ние како лекарите знаеме дека е многу битен почетокот на животот, многу се битни превентивните мерки, здравиот начин на живот и на исхраната“, рече министерот Сали.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе