Филипче најави

Промена на пол на скопските клиники на товар на Фондот за здравствено осигурување

Промена на пол на товар на Фондот за здравствено осигурување ќе се прави на скопските клиники, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче на регионалната конференција за правата на ЛГБТ. Според пресметките на ФЗОМ, овие операции чинат околу 15 илјади евра.

Филипче кажа дека од пред неколку месеци, на раполагање за трамсџендер хирургија на сите наши граѓани, е врвен експерт од Србија кој работи во развиени европски земји и во Америка и за сметка на Фондот за здравствено осигурување тие операции кои досега се плаќаа приватно ќе има можност да се прават на Клиниката за детска хирургија.

„Се основа и ново одделение за андрогена и уролошка реконструктивна хирургија на Одделението за урологија од страна на наш колега кој со години наназад се едуцира во оваа област. Пациентите кои досега бараа помош и третман во странство ќе може да се третираат и кај нас. Услугите во однос на реконструктивната уролошка хирургија кои досега беа достапни само во приватните клиники преку соработка со еден врвен уролог познат во целиот свет станаа бесплатни на нашата Клиника за детска хирургија. Има интерес. Знам дека професорот има воспоставено контакт со еден пациент“, додаде Филипче.

Тој уште кажа дека од минатата година почнале соработка со граѓанските организации за спроведување на програмата за ХИВ превенцијата, за која голем интерес има и ЛГБТ заедницата. Посочи дека го зголемиле буџетот и поголема сума на средства ќе им припадне на граѓанските организации за реализирање на програмите.

 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе