Поединец во акција

Професорот Ацески ги повикува студентите и професорите на фронт против корупцијата и за квалитетно високо образование

Крахот на образованието е крах на нацијата. Како да се уништи системот што корумпира и систематски го уништува квалитетот на образованието и нацијата? Нула толеранција за корупцијата, заштита од злото на корумпираниот образовен систем. Примена на највисоките стандарди на отвореност, интегритет и одговорност. Ова се констатациите на професорот на Филозофскиот факултет во Скопје Илија Ацески со кои упатува повик за акција во интерес на универзитетот, а за квалитетно високо образование.

Професорот Ацески ги повикува сајбер свиркачите, сите заинтересирани за подобрување на состојбите во државата до 28 септември на социјалните мрежи да му се придружат во оваа борба во интерес на идните генерации, без разлика дали се студенти, магистранти, докторанти...

„Во интерес на посветените во високото образование, Ви се обраќам заеднички да отвориме фронт за воспоставување на квалитетен образовен европски систем и максимална посветеност на Болоњскиот процес и ЕКТС. 

Ве поканувам во отворена и јавна расправа во рамки на Вашата работна средина и институцијата каде што работите, да ги нагласите проблемите на високото образование кое се наоѓа во огромна криза, корупција, растуреност и распаќе, неквалитет... И не само во универзитетската средина, туку и пошироко во пишаните и електронски медиуми, заедно да го промениме овој систем. Јавно да проговориме за системот кој корумпира“.

Обуката трае до 28 септември на социјалните мрежи, па еднодневен молк и на 30 септември пред Ректоратот на УКИМ ќе биде инициран процес на ослободување од корумпираниот систем.

Сајбер свиркачи сите јавно без страв и објективно да зборуваме за системот што корумпира, апелира Илија Ацески.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе