Стучно мислење

Професор Даниловски: Нема епидемиолошка оправданост мерката за потврда за една доза вакцина

Епидемиолот, професорот Драган Даниловски смета дека e погрешна мерката на Владата која се однесува на задолжителната потврда за барем една примена доза против коронавирусот како влезница за многу места и во сите објекти, бидејќи таа не е издржана од медицински, епидемиолошки аспект. Една доза против делта - сојот е како да не сте вакцинирани, вели професорот. Тој додава и дека таквата одлука се коси со Резолуцијата 2361 од 2021 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа и мириса на „жолти ленти".

„За мене, многу поважно е што оваа мерка нема никаква епидемиолошка смисла! Зошто? Затоа што сега имаме работа со делта сојот, кој во одредена мера го заобиколува имунитетот стекнат природно или со вакцина. Оттаму, подеднакво опасни ширачи на вирусот се и невакцинираните и вакцинираните со една доза! Вакцинираните само со една доза имаат заштита од симптоматска болест само од 33% (студија 1 - Public Health England), односно 36% (студија 6 - Индија) (4). А тоа е исто како да се невакцинирани! Која е, тогаш, логиката на комисијата за заразни болести?“, вели Даниловски во денешна објава на својот фејсбук - профил.

Тој додава дека и кога би се донела одлука за потвда за две дози вакцина дека не е гаранција дека тие лица не се заразени или дека не можат да заразат други лица.

Тој наведува конкретни студии кои велат дека заштитата со две дози на Фајзер изнесува 80 проценти, додека израелска студија вели 64 отсто. Според него, кај другите вакцини процентот е понизок и смета дека во Македонија таквиот процент е уште помал имајќи предвид дека 70 отсто се вакцинирани со кинески вакцини.

„Има и нешто друго. Ако потврдите се замислени со нив да се направи притисок за вакцинирање, тоа веќе нема смисла. Зошто? Затоа што сега и да се вакцинираат поголем број, полната заштита со Синовак ќе ја добијат после 9 недели (3 недели меѓу двете дози, плус 6 недели после втората доза – додека почнат антитела да се формираат). Значи, тоа сега не е приоритет“, вели професорот.

Даниловски предупредува дека приоритет на властите треба да биде израмнување на епидемиската крива преку рестриктивни мерки во однос на свадбите, веселбите, угостителските објекти, обложувалниците, јавниот сообраќај и слично.

„Затоа што сега императив е намалување на забрзувањето на бројките. Ако периодот на удвојување во овие градови е три дена (бидејќи имаме експоненцијален раст со Rt = 4,2 - не сакам ни да сметам колку случаи – само во овие градови – би имале до крај на месецов“, вели Даниловски притоа мислејќи на Тетово, Гостивар и Скопје.

Тој оценува дека со оглед на растот на бројките дека и скептиците ќе разберат дека треба да се вакцинираат.

Наместо владината мерка за потврда за примена барем една доза, Даниловски смета дека е поцелисходно да се бара негативен антигенски (рапид) тест и за вакцинираните и за прележаните, или може да се бара потврда со број на антитела – независно дали се работи за прележани или вакцинирани со една или две дози!

„Зошто? Затоа што, многумина кои формално имаат потврда дека се вакцинирани со две дози, може да се случи да имаат  нула антитела. И со потврдата ќе одат на свадба, во кафеана... и ќе го шират вирусот подмолно“, вели професорот.

Даниловски смета дека прележаните од коронавирусот имаат високо ниво на заштита и дека е поцелисходно тие да се вакцинираат со една доза на Фајзер или со две дози на Синовак.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе