Проф. Климе Попоски стана член на престижна меѓународна стручна асоцијација

На годишното Собрание на престижната организација Проф. Климе Попоски е примен за придружен член на Научно – истражувачкиот центар за интердисциплинарни студии од областа на управување со ризици на одржливост (ZWIRN). (www.ostfalia.de/cms/en/zwirn/start/)

Научно – истражувачкиот центар познат под името ZWIRN е во состав на Универзитет за применети науки Остфалија од Wolfenbüttel, Германија (www.ostfalia.de/cms/en/) и е еден од најголемите центри за управување со ризици и одржливост во Европа.

Ангажманот на Проф. Климе Попоски следи како резултат на неговите напори за промовирање на осигурителната индустрија на глобално ниво во остварувaње на милениумските цели на Организацијата на Обединети Нации за одржлив развој.

Проф. Попоски беше дел од настанот при потпишувањето на историскиот договор помеѓу ООН и Меѓународната oрганизација за осигурување (www.internationalinsurance.org), по покана на тогашниот Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун во седиштето на ООН во 2015 година.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе