Влез во елитното друштво

Проф. д-р Зоран Поповски е првиот научник од Македонија кој стана член на Европската академија

Професорот Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје влезе во елитното друштво на академици на Европската академија (Academia Europea).

Поповски од 1 септември член на престижната Европска академија во секцијата за биохемија и молекуларна биологија. Својата пристапна презентација Поповски требаше да ја има на 20 октомври на годишната конференција во Барселона, но поради пандемијата предизвикана од ковид-19, таа е одложена за 2021 година, објави Факултети.мк.
Проф. Поповски во оваа асоцијација на научници, академици и нобеловци е номиниран од страна на претседателот на aкадемијата, Сирд Клотинг од Холандија.

„Убаво е да се биде во друштво на 3.800 врвни научници и 72 актуелни нобеловци. Со ова, како држава ни се отвораат врати и за други научници од Македонија да станат членови на Европската академија. Беше тешко да се влезе, треба да ве номинираат двајца научници од постојните членови. Ова е паневропска академија, зашто овде една третина од членовите се од Русија, Америка, Кина, Канада, Австралија, односно не се само луѓе од Европа, туку од целиот свет, а две третини од членовите се од европскиот континент. Членуваат 72 добитници на Нобеловата награда, а значителен дел од нив ја добиле најпрестижната награда откако биле избрани за членови на академијата. За мене ова претставува сатисфакција за сето она што сум го правел досега, нешто како круна во кариерата. Иако станува збор за област во која треба да се вложуваат многу пари, сепак успеваме да покажеме дека оваа држава има капацитет“, изјавил проф. Поповски за „Факултети.мк“.  

Членството во академијата ќе му овозможи пристап до стотици отворени повици и различни проекти.

„Јас како најнов член од нова земја морав да имам опус, односно објавени трудови, студиски престои, искуство во пренесување иновации, технологии, трансфер. Имаше многу компоненти и критериуми врз чија основа се прави избор“, додава професорот.
Поповски, кој освен на Факултетот за земјоделски науки и храна каде што е вработен, предавал и на Технолошко-металуршкиот факултет, Природно-математичкиот и Фармацевтскиот факултет на УКИМ, е и визитинг-професор на Државниот универзитет Охајо во САД и Универзитетот Лунд во Шведска, кои се рангирани меѓу првите 100 универзитети во светот според Шангајската листа. Тој е професор и на Универзитетот Туша во Италија, Новосибирскиот државен земјоделски универзитет во Русија, Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина, а одржал предавања и на Државниот универзитет на Тенеси во САД и универзитетот Case Western Reserve во САД.
Инаку, Academia Europea (Academy of Europe - АЕ) e паневропска асоцијација на научници од земјите-членки на Советот на Европа, основана во 1988 година. Мисијата на Европска академија е да ја шири извонредноста во сите дисциплини во природните, егзактните, општествените и хуманистичките науки преку унапредувањето на стандардите во науката и високото образование.
Императивот на АЕ е да обезбеди научно фундирани одлуки за развој на општеството како во земјите од каде што доаѓаат нејзините членови така и во меѓународните организации и асоцијации. Од земјите во регионот, Словенија има 18 члена, Србија 16, Хрватска 15, а Босна и Херцеговина и Црна Гора по еден.
Процедурата за избор на член на АЕ е објективна и строга, а изборот на новите членови е заснован исклучиво на придонесот кој го има кандидатот во одредена научна дисциплина.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе