Министерство за здравство

Процентот на починати и натаму висок, вчера поголем беше бројот на оздравени пациенти од новодијагностицирани со ковид-19

Речиси двојно поголем број оздравени пациенти – 544 од новодијагностицирани – 336 (од вкупно направени 1.181 тестирање) се евидентирани во извештајот за состојбата со ковид-19 на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Но, и натаму е висок бројот на починати пациенти, кој изнесува 32.

Според министерот за здравство Венко Филипче, мерките кои Комисијата за заразни болести даваат резултат и бројката на хоспитализации се стабилизира.

„Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи. Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има сѐ повеќе слободни места. Ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат, имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети подготвени да се отворат“, рече Филипче по вчерашниот состанок со директорите на ковид – центрите во комплексот „Мајка Тереза“.

На состанокот била разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија и по направените анализи било заклучено дека минатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе има благ пад на бројот на хоспитализирани на дневно ниво.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 1.296 и има 175 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во ковид-центарот на Клиниката  за кожни болести се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35, на Институтот за ТБЦ  44 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат 26 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 14 и во ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 19 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 35 пациенти, од кои девет деца и 24 возрасни. Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид – 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. На сите инфективни одделенија има довод на кислород и може да бидат згрижени пациенти на кои им е потребно кислородна поддршка, информираат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од 12 лекари и 20 медицински сестри се вклучи во работа на интерните клиники каде има неколку ковид – оддели.

Медицинските екипи од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата. По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид – центрите низ државата. Преку Министерството за одбрана донација од 10.000 брзи тестови од Кралството Норвешка доби Министерството за здравство, а на почетокот од ноември Армијата даде на користење и пет амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот. 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе