Пристигнаа 38.400 вакцини од „Астразенека“

Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот „Астразенека“ кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Како што најави, вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години.

„Количините постојано се надополнуваат“, потенцира Филипче, апелирајќи до граѓаните да се  пријават за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk.

Утре, според, најавите треба да пристигнат уште 100.000 вакцини „Синофарм", што државата ги доби како донација од кинеската Армија.

Според министерот за здравство, имунизацијата на населението се одвива прилично добро и досега се вакцинирани околу 150 илјади граѓани од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе