Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“, соопшти Филипче

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер"/„Бионтек", објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој, пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови во земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.

„Само со вакцинација можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход", пишува министерот за здравство.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе