Филипче го пречека Лончар на Табановце

Пристигна втората пратка вакцини - Србија вкупно донираше 8.190 дози

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој му ја предаде втората пратка вакцини од компанијата „Фајзер", како донација од Србија. Министерот Лончар истакна дека денеска го исполнуваат тоа што го ветиле и договориле претседателот на Србија Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев.

„Донесовме 3 510 дози на вакцини за граѓаните на С Македонија што заедно со првата пратка изнесува вкупно 8.190 дози. Исклучително ми е драго што сме во можност да им помогнеме на нашите соседи и пријатели. Од министерот Филипче разбрав дека вакцинацијата е почната, дека ќе продолжите понатаму. Она што посакуваме е и вие да биедете безбедни, вашите граѓани што помаку се разболуваат и кога вие ќе имате подобра ситуација, ќе имаме и сите ние и регионот. Тоа е нашата цел, ќе гледаме и понатаму да помагаме. Ова е поздрав од сите граѓани на Србија од претседателот Вучиќ. Продолжуваме понатаму", рече Лончар.

Филипче изјави дека овој чин на солидарност, кој беше на иницијатива на Заев и Вучиќ, сега се реализира и во втората фаза како што беше најавено. Со добиените вакцини е започнат кај нас процесот на имунизација на здравствените работници и тој, како што посочи Филипче, засега се одвива одлично, во еден пункт со шест места во Клиничкиот центар во Скопје. Досега се вакцинирани околу 1.300 здравствени работници со динамика од 250 – 300 на ден, која ќе продолжи и понатаму.

„Оваа количина вакцини ќе биде доволна да се вакцинираат сите здравствени работници во нашата земја кои се во приоритетната група за имунизација, а тоа се здравствените работници кои од почетокот на кризата работат со пациенти заболени од ковид-19", рече Филипче заблагодарувајќи се уште еднаш за овој чин на пријателство и добрососедство.

На новинарско прашање српскиот министер за здравство изјави дека досега во Србија се набавени преку два милиони дози вакцини, и тоа од четири производители – Фајзер, Астра Зенека, Синофарм и Спутник. Досега се вакцинирани повеќе од еден милион лица, а дел се и ревакцинирани со втората доза.

„Наша цел е да вакцинираме преку 2,5 милиони луѓе и она што сакам да го порачам од нашите искуства е дека кога ќе се прими првата доза вакцина нема опуштање. Некои вакцини побзо создаваат антитела, некои поспоро, но мора да се води сметка и да се почитуваат мерките за заштита. Имаме еден број луѓе кои се заразуваат по првата доза бидејќи немаат доволно развиено антитела", рече Лончар.

Во однос на сумата потрошена за набавка на вакцините, истакна дека договорите се доверливи на барање на компаниите, но рече дека сигурно не се евтини, и оти не станува збор за пари во моментов туку за тоа дека вакцини на пазарот нема.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4.680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе