Статистика на Министерството за здравство

Примени уште осум пациенти во скопските ковид - центри, а осум отпуштени од болничко лекување

Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во Скопје се хоспитализрани уште осум пациенти поради компликации од коронавирусот, додека во исто време како оздравени се отпуштени осум лица. Вкупно 290 пациенти потврдени на оваа болест се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало два приема. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ примени се уште четири пациенти, а на Инфективната клиника две лица во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени осум оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има осум пациенти.

Вкупно 290 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 109 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, велат од Министерството за здравство.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе