Пријави за бомби во три основни училишта во Скопје, МВР утврди дека се лажни

Лажни пријави за бомби упатени се утринава на електронска пошта на три скопски основни училишта. Според наши информации станува збор за училишта во Петровец, Коњари и Илинден. Во текот на вчерашниот ден закани за поставена експлозивна направа преку мејл беа уптени и до две основни училишта, „Петар Поп Арсов" во Карпош 4 и „Кочо Рацин" во Центар, како и до осум средни училишта во Скопје.

Министерството за внатрешни работи потврдува дека биле направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

„Денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, известуваат од МВР.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе