Од болницата „Пирогов“ соопштија

Преживеаните во трагедијата кај „Струма“ не се во животна опасност

Сите пациенти повредени во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ се во стабилна општа состојба, и нема опасност по нивните животи, соопшти денеска болницата „Пирогов".

Вчера беа оперирани двајца пациенти кои исто така се во добра општа состојба. Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Едно од повредените лица денеска треба да биде оперирано.

Со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјализирана психолошка поддршка од болницата. Се уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат, велат од „Пирогов".

Во болницата се хоспитализрани седум лица кои беа донесени по автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во раните утрински часови на 23 ноември.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе