Со ангажман на Владата на Курц

Преку Австрија Македонија ќе добие 119.000 дози фајзерови вакцини

Австрија соопшти дека планира до август да испрати 651.000 дози на вакцина против коронавирусот на Бионтек/Фајзер во шест земји од Западен Балкан, од кои119.000 дози за Македонија, како дел од програмата на Европската Унија за помош на соседните земји и Африка. Тие ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај според тоа на кои земји им се најпотребни. Босна и Херцеговина ќе добие најголем дел од вакцините – 240.000 дози,потоа Албанија 145.000, а предвидено е и Србија да добие 36.000 дози.

„Со оваа иницијатива покажуваме дека не го оставаме регионот настрана", изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг на прес-конференција.

Австрија посредуваше во договорите меѓу Биотек и Фајзер и земјите приматели, соопшти Министерството за надворешни работи и најави дека тие ќе ја премостат исплатата на овие вакцини со свои 11 милиони евра. Дозите на вакцини ќе се плаќаат од средства за помош на ЕУ или потенцијалните земји кандидати.

„Ова не е поврзано со набавка на вакцини во Австрија и другите земји-членки на ЕУ", рече Шаленберг, чија влада се справува со растечката јавна фрустрација поради бавната вакцинација.

„Овие дози не доаѓаат од националната квота. Ова се дозите што ЕУ експлицитно ги зачува на почетокот со цел да им ги испрати на своите партнери", потенцираше австрискиот министер.

Европската комисија во јануари ги објави плановите за механизам за споделување вакцини. Австрија рече дека ќе дејствува како координатор на механизмот за Западен Балкан и дека по првата распределба на дозите може да следува и втора.

Веста ја потврди и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која преку Твитер прати порака до лидерите на овие земји, меѓу кои и до премиерот Заев.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе